Фрчкоски не смета дека е проблем Бугарите да бидат вметнати во преамбулата на Уставот

Идејата дека корупцијата во судството ќе ја решите преку Устав е погрешна. Не е до изборот на моделот, туку до изборот на извршната власт дали ќе применува политичкатa култура да не влијае врз судството, вели проф. д-р Љубомир Фрчкоски, кој е еден од творците на Уставот на Северна Македонија, вели Фрчкоски во интервју за Утрински брифинг.

-Кај Обвинителството амандманот е репресивен, оти сега имаме луѓе кои бескрајно лежат во притвор оти Обвинителство не може да состави обвинение за шест месеци, вели Фрчкоски.

Фрчкоски не смета дека е проблем Бугарите да бидат вметнати во преамбулата на Уставот.

-Преамбулата не е оперативен дел туку историска меморија. Така што не е проблем да се прошири со додавање на Бугарите. Така Бугарите прифаќаат дека постои бугарско малцинство во Македонија кое е различно од Македонците. При влез во ЕУ се отвора и член 118 кој се однесува на меѓународните договори кои тогаш директно ќе се применуваат без посредство на извршната власт и дел од суверенитетот го префрламе во ЕУ, објасни Фрчкоски.

 

Back to top button
Close