Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
-
Трамп повторно со провокација до Украина
23.04.2024 15:45
Според оваа американска невладина организација, дигиталните права опаѓаат во светот 11-та година по ред.
Извештајот го оценува нивото на слобода на интернет во различни земји, особено земајќи ги предвид ограничувањата за пристап или обидите за манипулација со интернет-дебатите.
„Оваа година корисниците на интернет се соочија со физички напади како одмазда за своите онлајн-активности во 41 земја – се вели во извештајот.
Вкупно 20 земји им го блокирале пристапот на своите граѓани до интернет за една година.
Во текот на набљудуваниот период, негативен развој на ситуацијата има во Мјанмар и Белорусија, каде што се користи и методот на прекини на електричната енергија со цел да се блокира интернетот.
Интернет-правата најмалку се прекршуваат во Исланд, кој е пред Естонија и Костарика.
Кина и натаму е на врвот на листата земји што манипулираат со интернет поради цензура, борба против анонимноста преку интернет и затворање дисиденти што се активни на интернет.