Фронтекс: Годинава речиси тројно зголемени илегалните преминувања во ЕУ од земјите на Западен Балкан

Европската унија годинава регистрираше голем раст на бројот на илегални мигранти кои влегле во Унијата од Западен Балкан, соопшти денеска Фронтекс, наведувајќи дека бројката е речиси три пати поголема отколку во истиот период минатата година.

Од јануари до мај 2022 година, Фронтекс регистрирал вкупно 40.675 илегални гранични преминувања на западнобалканската рута, што е речиси три пати повеќе отколку во истиот период минатата година.

Тоа е речиси половина од вкупно 86.420 илегални гранични премини на ЕУ во овој период, наведува Фронтекс.

Само до мај бројот на илегални мигранти откриени во регионот е повеќе од двојно зголемен, на 12.088, се наведува во соопштението на Фронтекс, додавајќи дека мигрантите главно се од Сирија и Авганистан.

Европската агенција не ги наведува причините за зголемувањето, но сугерира дека повеќето од луѓето кои ги откриле извесно време престојувале на Западен Балкан, пред да се обидат да влезат во ЕУ.

Луѓето кои бегаат од војната во Украина не се вклучени во податоците, наведува агенцијата.

Back to top button
Close