Фуџитсу воведува трајно работење од дома

Технолошката компанија Фуџитсу денеска соопшти дека ќе го преполови бројот на вработени во својата канцеларија во Јапонија и дека работењето од дома ќе стане трајно додека е можно.

Фуџитсу наведува дека се прилагодува на „новата реалност“ предизвикана од коронавирусот преку програма која ќе понуди флексибилност за 80.000 свои работници низ целата земја.

Како се наведува во соопштението на компанијата, вработените ќе работат од дома, што ќе им овозможи да го користат своето време флексибилно според природата на работата, улогата што ја извршуваат и нивниот животен стил.

Компанијата додава дека вработените ќе можат да изберат дали да работат во своите домови, корпоративни центри или во филијали.

Слична програма во мај објави и социјалната мрежа Твитер.

Back to top button
Close