Фудбалери на Манчестер јунајтед навредувани на расна основа

Навреди на расна основа упатени кон фудбалерите на Манчестер Јунјатед, Антони Марсијал и Аксел Туанзебе, осамнаа на социјалните мрежи по вчерашниот пораз (2:0) на нивниот тим од Шефилд Јунајтед во Премиерлигата.

Марсијал го одигра целиот натпревар, а Туанзебе беше заменет во 83 минута од мечот, по кој и двајцата фудбалери добија мноштво навреди на расна основа на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Манчестер Јунјатед во својата реакција изрази „згрозеност“ и надеж дека „анонимните безумни идиоти“ ќе бидат идентификувани.

-Охрабрувачки е што можеме да видиме дека и навивачи на другите екипи го осудуваат овој инцидент на социјалните мрежи. Јунајтед има нулта толеранција кон каков било облик на расизам или дискриминација“, соопшти премиерлигашот од Манчетер.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close