Фудбалерите денеска во Гетеборг со дресови во знак на Кочани против Лихтенштајн

Димитриевски, Зајков, Муслиу, Серафимов, Алиоски, Алими, Барди, Чурлинов, Елмас, Трајковски, Миовски – стартните 11 со кој го започнуваме квалификацискиот циклус за Светско 2026 во 15 часот

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во 15 часот го започнува новиот циклус на квалификации за пласман на Светското првенство 2026 година каде за противник ќе го има Лихтенштајн.

Натпреварот ќе се одигра во Вадуз на стадионот „Рејнпарк“ кој има капацитет од околу 7.500 гледачи.

Милевски на овој меч ќе истрча со најдобриот тим кој го има во моментов. Во почетниот состав ќе бидат: Димитриевски (голман), Зајков (одбрана), Муслиу (одбрана), Серафимов (одбрана), Алиоски (одбрана), Алими (среден ред), Барди (среден ред), Чурлинов (среден ред), Елмас (среден ред), Трајковски (напад), Миовски (напад).

Во нашата група уште се и фаворитот Белгија, вториот фаворит Велс како и Казахстан.

Како што најави ФФМ, македонските репрезентативци денеска ќе настапат со дрес во црна боја на кој ќе пишува „Кочани 16.3.2025“ со што ќе се оддаде чест на настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Back to top button
Close