Фудбалерите на ПСЖ се незадоволни од Тухел

 Фудбалерите на Пари Сен-Жермен не се задоволни од работата на тренерот Томас Тухел, објави „РМЦ Спорт“.

Играчите не се согласуваат со стилот на играта на тимот. Тие се шегуваат меѓу себе дека единствениот план на ПСЖ е: „Дајте ја топката на Нејмар“.

Еден од играчите на клубот анонимно ја опиша ситуацијата: „Играме без тактики, без идеи. За време на натпреварот со Марсеј (0:1), чувствувавме дека стручниот штаб нема апсолутно никаква контрола врз ситуацијата. Како да не можеа ништо да променат“.

Некои француски играчи во парискиот клуб сметаат дека Тухел се однесува подобро кон играчите од Латинска Америка, опишувајќи го нивното однесување на теренот како емотивност.

Исто така, играчите се незадоволни од фактот дека Маркињос игра дефанзивен играч за врска, а не централен дефанзивец, како и недостаток на минутажа за напаѓачот Мауро Икарди.

По три одиграни кола во Лига 1, ПСЖ се наоѓа на 15. место со три бода.

Back to top button
Close