Фудбалерките на Барселона ја освоија Лигата на шампиони

Барселона го победи Олимпик Лион со 2:0 и втора година по ред ја освои Лигата на шампионите во женски фудбал.

Ова е вкупно трет трофеј за каталонскиот тим кој ја освои женската Лига на шампиони во 2021 и 2023 година.

Барселона дојде во водство во 63 минута со голот на Аитана Бонмати, а точка на финалето одиграно синоќа во Билбао стави Алесија Путељас во петтата минута од судиското продолжение.

Финалето од трибините на стадионот „Сан Мамеш“ го гледаа 50.000 навивачи

Back to top button
Close