Фудбалерот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран

Македонскиот фудбалер и репрезентативец Стефан Ашковски е еден од нашите државјани кои беа евакуирани од Иран по почетокот на воените случувања на Блискиот Исток.
Од Министерство за надворешни работи информираа дека Ашковски преку Турција бил успешно извлечен од Иран. Во овој момент нема официјална потврда дали фудбалерот сè уште се наоѓа во Турција или веќе е вратен во Македонија.
Ашковски е член на иранскиот клуб Мес Рафсанјан, за кој потпиша во јануари годинава.
Од МНР дополнително соопштија дека околу 400 македонски државјани побарале помош за евакуација од регионот на Блискиот Исток.
Ашковски има 40 настапи за македонската репрезентација и важи за еден од поискусните интернационалци во националниот тим.






