Фудбалскиот судија од Сомалија дома пречекан како херој

Фудбалскиот судија од Сомалија Омар Абдулкадир Артан мораше да ги напушти Соединетите Американски држави и се врати во својата татковина преку Истанбул. По доаѓањето во Могадишу на свечена церемонија го дочекаа стотици симпатизери со национални знамиња.

Официјалните лица на аеродромот во Мајами не му дозволија влез во САД поради јунскиот декрет на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. ФИФА дополнително потврди дека првиот Сомалиец, кој требаше да суди на Светско првенство нема да биде меѓу судиите поради мерките на САД кон неговата држава.

Артан (44 години) ланската година беше прогласен за најдобар африкански судија и се заблагодари на меѓународната федерација со надеж за продолжување на соработката. Тој требаше да го суди натпреварот од групната фаза меѓу Чешка и Јужна Кореја, а ФИФА сè уште нема одредено негова замена

Back to top button
Close