Функционер на НАТО тврди дека Русија бавно напредува во Украина остава време за преговори

Висок воен функционер на НАТО тврди дека Русија бавно напредува во Украина во обид да остави време за преговори, јави Си-Ен-Ен.

„Тие имаат проблеми“, објасни официјалниот претставник, укажувајќи на најновите разузнавачки информации на алијансата.

„Им недостига дизел, тие продолжуваат да успоруваат и моралот е очигледно проблем“.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на нивните војници им е наредено да ја продолжат својата офанзива „во сите правци“.

Back to top button
Close