Габриела Илиевска по изборите: „Тргнав сама против сите се покажа дека партијата е тешко да се победи.“
Независната кандидатка за градоначалник на Битола, Габриела Илиевска, се огласи по завршувањето на првиот изборен круг, истакнувајќи дека и покрај личната и граѓанска храброст, политичките партии сè уште имаат силна предност во изборните процеси.
„Тргнав сама против сите се покажа дека партијата е тешко да се победи.“, порача Илиевска преку социјалните мрежи.
Таа додаде дека „Поинаку“, иницијативата што ја претставува, е вистинскиот победник на овие избори, алудирајќи на растечката поддршка за независните и граѓанските опции во локалната политика.
Илиевска важи за еден од најпрепознатливите независни гласови во Битола и пошироко, а нејзината кампања се водеше под мотото за поинакво, транспарентно и одговорно управување со општината