Гаф на стадионот во Тирана: Минијатурно српско знаме пред натпреварот со Албанија

Квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Албанија и Србија е пред почеток.

Фудбалската треска е на улиците на Тирана попладнево, а се очекува стадионот „Ер Албанија“ да биде преполн.

Пред натпреварот, организаторите направија невообичаена грешка.

Под сводовите на фудбалскиот комплекс, кој беше отворен во 2019 година, се изложени знамињата на земјата домаќин, Албанија, ФИФА, УЕФА и минијатурно знаме на гостинската екипа, Србија. (4news.mk)

Back to top button
Close