ГАК ги отфрла обвинувањата на родилката од Охрид: „Постапено е по протокол, постојат и пишани докази“
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ги отфрла обвинувањата што во јавноста ги изнесе родилката од Охрид, посочувајќи дека во нејзиниот случај било постапено согласно протокол.

Случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за квалитет при што е констатирано дека во врска со пациентката е постапено по протокол за што постојат и пишани докази за истото (прегледи, терапија и сл.), информираат од ГАК.
Од ГАК посочуваат дека и покрај пружената медицинска грижа, пациентката ја напуштила Клиниката по сопствено барање.
„Како институција ја почитуваме сечија приватност, но и интегритетот и начелото на установата“, наведуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство






