Гала филмска вечер со проекција на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“
Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на генералниот покровител „Зегин”, како и винарската визба „Тиквеш” и Младинскиот културен центар, имаат чест да Ве известат дека во среда, 31 мај 2023, во 20 часот, во кино „Милениум” (ГТЦ, 1 кат) ќе се одржи гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти”.
Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје.
Филмот е дело на режисерот Доминик Мол, а во главните улоги играат Бастиен Бујон, Були Ланерс, Тео Шолби (2022, 1ч54) .
Добитник е на шест награди награди Цезар 2023, меѓу кои и два од најпрестижните: за Цезар за најдобар француски филм и Цезар за најдобра режија.
Што напишаа француските медиуми за филмот:
*Проекцијата на „Ноќта на 12-ти” на Канскиот филмски фестивал 2022 ќе остане како дата за паметење. (Cinéma Teaser)
*Повеќе од трогателен, филмот е моќен и вознемирувачки. (Elle)
*Филм на годината. (Le Figaro)
Прецизно напишан, филмот „Ноќта на 12-ти” е напнат трилер за горчливите прашања поврзани со насилствата врз жените. (Télé Loisirs)
Бесплатни влезници за проекцијата се резервираат преку следната мејл адреса: [email protected] (во рамките на капацитетот на расположливи места во салата).