Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7: технологија која се преклопува со твојот стил

Samsung го претстави своето најново лансирање на двата премиум мобилни уреди Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 кои го дефинираат светот на мобилната технологија. Овие уреди не се само иновации, туку и решенија кои го трансформираат секојдневието, балансираат помеѓу стилот, продуктивноста и безбедноста. И двата уреди се наменети за динамични корисници кои бараат најдоброто од двата света, елеганција и напредна технологија.

Galaxy Z Fold7: работи и создавај нови можности

Запознај го најиновативниот дизајн, одново осмислен за да го одликува најтенкиот, најлесен Fold досега. Со широките екрани однадвор и одвнатре добивате едно ново беспрекорно мајсторство, а тоа е искуството со Ultra – на кој било екран. Galaxy Z Fold7 со својот уникатен и иновативен 8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран совршен е за мултитаскинг и зголемена продуктивност. Кога ќе го отворите, добивате целосно ново искуство со целосно проширена екранска површина која ви овозможува да работите на повеќе задачи истовремено. Со уредот можете да го гледате омилениот серијал, да одговарате на е-пошта и да следите важни информации без да губите време. Се што ви треба е на дофат – благодарение на генијалната комбинација на елеганција и функционалност. Снимате неверојатни слики со висока резолуција со нашата моќна камера од 200 MP, којашто совршено се комбинира со ProVisual Engine. Една новост во серијата Galaxy Z Fold е тоа што ултра камерата од 200 MP се запознава со Galaxy Z Fold7. Снимете ги најситните детали во секоја сцена и оставете ProVisual Engine од следната генерација да го направи останатото за вас. Ќе ги подобри боите и деталите за јасност што ги нагласува тоновите и текстурата на кожата. Потоа, ќе ги прикаже сликите на големиот екран за да видите колку се реалистични.

За сите оние кои уживаат во гејмингот, гледањето видеа или мултитаскингот е овозможено без грижи за батеријата. А благодарение на моќноста од 4400 mAh и mDNIe (Mobile Digital Natural Image Engine) технологијата за максимална ефикасност без целосно да се испразни батеријата, токму тоа и го добивате.

Со вградената Google Gemini Advanced AI технологија, Galaxy Z Fold7 овозможува паметно прилагодување на вашиот мобилен живот. Телефонот ја учи вашата рутина, и во моментите кога ќе го отворите, знае како да се прилагоди на вашите потреби. Зборувајте слободно и природно со Gemini Live за да добиете информации во реално време. Споделете ги моментите преку камерата за да побарате совет или идеи. Ова не само што го подобрува искуството, туку го прави телефонот најдобар партнер во секојдневните задачи. Покрај тоа, Samsung Knox обезбедува врвна безбедност за сите ваши податоци, осигурувајќи дека личните и деловните информации остануваат заштитени.

 

 

Galaxy Z Flip7: елеганција која се вклопува во вашиот живот

Galaxy Z Flip7 ги комбинира најновите иновации со стилски дизајн кој се преклопува, што го прави идеален за активен и динамичен начин на живот. Со својот 6.9-инчен AMOLED екран, овој уред ви овозможува да го искористите целиот потенцијал на мобилниот уред без да ја жртвувате компактноста и удобноста. Кога е затворен, телефонот е доволно мал да се вклопи во вашиот џеб, а кога ќе го отворите, имате чувство дека го имате целиот свет на дланка. Погледнете го вашето омилено видео или направете селфи без да го целосно да го отворите, со Galaxy Z Flip7 секој момент е поинаков.

Galaxy Z Flip7 вклучува Google Gemini Advanced AI за оптимизирање на вашите активности. Оваа вештачка интелигенција ја учи вашата рутина, ги предвидува вашите потреби и автоматски ги прилагодува функциите на телефонот за да одговараат на вашиот начин на работа и комуникација. Дополнително, со Samsung Knox, сите ваши приватни податоци остануваат безбедни, без разлика каде се наоѓате и што правите.

Не сте сигурни кој од нив да изберете? Samsung има решение и за тоа. Преку апликацијата Try Galaxy, Samsung ви овозможува да го пробате телефонот виртуелно пред да донесете било каква одлука. Искористете ја оваа можност да го имате на дофат целиот потенцијал, од стил до функционалност, и уверете се како тие ќе го трансформираат вашиот живот.

Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 со неверојатните AI функции, уникатен дизајн и највисока безбедност, ќе го подобрат секој аспект на вашиот живот. Сега и овде имате шанса да ја искористите неверојатната понуда и да биде во чекор со најновата технолошка револуција. Освежете се со неодоливата Samsung понуда на Galaxy Z Fold7 I Galaxy Z Flip7!

 

-комерцијална објава-

Back to top button
Close