ГАЛЕРИЈА: 100 пораки за 100 дена од трагедијата во Кочани: Герила акција на „Кој е следен?“ во Скопје
Денеска, на 24 јуни, се навршуваат точно 100 дена од трагедијата во Кочани, а низ центарот на Скопје и пред клучни институции беа поставени 100 пораки на – по една за секој ден во кој институциите молчат, не преземаат одговорност и не обезбедуваат помош, велат од граѓанското движење „Кој е следен?“.
„Акцијата беше гласен и видлив потсетник дека: родителите и преживеаните сè уште не добиле никаква поддршка; надлежните молчат и ги замолчуваат тие што преживеаја; обвиненијата селективно ги заобиколуваат најмоќните, блиски до власта; собранието гласаше против финансиска поддршка за семејствата на жртвите
Овие 100 пораки го претставуваат гласот на оние кои не се слушнати – гласот на болката, разочараноста и барањето за правда.
Тие се сведоштво дека граѓаните не забораваат, и нема да престанат да бараат одговорност, се додека: системот не проработи, настраданите не добијат поддршка, а правдата не ги стигне и оние на највисоки позиции“, се вели во соопштението на „Кој е следен?“.