ГАЛЕРИЈА: 46-ти Светски ромски бал

Вчеравечер во хотелот Александар Палас се одржа 46-тиот традиционален Светски ромски бал.

Балот го понесе името на долгогодишниот организатор Амди Бајрам, а годинава организација беше дело на неговиот син Габриел Бајрам.

Настанот почна со спектакуларен отворање во чии рамки група актери влезе со номадска кочија и продолжи со сценски перформанс, кој преку мизука, видеопроекции и говори потсети на историјата на ромите, културата на преселби но и историјата на дискриминација и прогоните, како и холокаустот на ромите во Втората светска војна.

По перформансот започна неколкучасовна одлична забава која кулминираше со изборот на ромска убавица и настапот на Саша Ковачевиќ.

На едно место се собраа голем број гости, не само од Македонија, туку и од регионот, па и Германија, Швајцарија, Италија …

Back to top button
Close