ГАЛЕРИЈА: Бугарскиот премиер Петков пристигна во Скопје

Кирил Петков за прв пат како премиер на Бугарија стапна на македонско тло.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го пречека претседателот на бугарската влада на скопскиот аеродром.

Петков со него предводи висока владина делегација, а покрај средбата со новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, ќе оствари повеќе средби и со други политички лидери.

Ковачевски вчера рече дека нема да се потпишуваат договори со бугарската делегација, но дека ќе се разговара за формирање на неколку работни групи.

Back to top button
Close