(ГАЛЕРИЈА) Дрвја паѓаа врз туристи во кампови во Ровињ и Пула, едно лице на интензивна

Синоќа околу 19 часот, силна бура го погоди Истарскиот округ, во Хрватска, а најмногу пријави за штети доби Окружниот центар 112 Пазин, од областа Ровињ.

Најсериозниот инцидент се случи во камповите Портон Бионди и Амарин, каде што силните ветрови предизвикаа паѓање дрвја врз каравани со туристи. Според досега достапните информации, три лица се тешко повредени, а четворица се полесно повредени. Директорот на болницата Андреј Анѓелини потврди за ХРТ дека едно лице е во критична состојба и се наоѓа на одделението за интензивна нега.

Сите повредени лица добиле медицинска помош, а на местото на настанот веднаш интервенирале и службата за итна медицинска помош, пожарникарите, полицијата, Истарските патишта и вработените во ХЕП.

Штетата предизвикана од бурата сè уште се проценува

Back to top button
Close