(ГАЛЕРИЈА) Фотографии од денешните бурни протести во Софија
Денес, пред Европслата комисија (ЕК) во Софија имаше бурен протест во кој беа повредени десет полицајци. Приведени се шест лица меѓу кои и еден пратеник.
Протестите беа против воведување на еврото, а ескалираа со вмешувањето на проруската и ултрадесничарската партија „Вазраждане”.
Граѓаните во Бугарија се поделени на прашањето за воведување на еврото како валута, некои од нив поради страв дека им се случи истото како во Хрватска – драстичен раст на цените.
Од друга страна, пак, други аргументираат дека еврото ќе ја отвори Бугарија, најсиромашната земја во ЕУ, кон повеќе странски инвестиции.
Фото: Ројтерс