ГАЛЕРИЈА: Госпоѓа Агелер, и другите екселенции денес бевте публика на парадата, кичот и манипулациите на градоначалникот Дарко Костовски, во Општина Бутел

 

Госпоѓа Агелер, и Ваши екселенции од ОБСЕ, Холандија и Луксембург, денес присуствувавте на едно од многуте потемкинови села проекти на градоначалникот Костовски. Бевте публика на парадата, кичот и манипулациите на градоначалникот Дарко Костовски, во Општина Бутел…

 

Да поминевте вчера, онака као случајно или да пратевте некој емисар да види по која патека ќе влезете во училишниот двор на ОУ Живко Брајковски, прво што ќе видевте ќе беше депонијата како мала планина пред влезот на единствената општинска амбуланта, а доколку завртевте за да влезете преку паркингот на големата врата, ќе поминевте пред двете опожарени бараки за кои градоначалникот даде ветување дека ќе направи се’ што е во негова надлежност и можност побргу да се санираат бараките а жителите на истите да се вратат во нив. Стојат исто како и првиот ден откако беа изгаснати, поминува година. Ако од оваа голема врата, пак, се упатевте кон спосртската сала во училишниот двор, ќе требаше да ги извадите штиклите и да облечете патики за полесно да ги прескокнувате дупките на најсрамната патека во оваа образовна институција. Не сакам да помислам дека градоначалникот намерно не ги реализира моите две барања за подобра циркулација на жителите на Хо Ши Мин од населбата Бутел 1 со амбулантата, со општинската зграда со пазарчето и со градските административни објекти како банки, и трговски центри, кафеани и кебапчилници, и дека второто барање за зголемување на времетраењето на зеленото светло за 10 секунди, за сите учесници во сообраќајот од двете страни на населбата кои се приклучуваат на главната улица преку единствениуот семафор во населбата, не се реализирани од некој каприц. Секојдневно читам и гледам како “решава“ покрупни проблеми од овие кои ги набројав, ама како приоритет да му се оние места каде му се концентрирани гласачите. Не е тоа лошо, амбасадорке, лошо е што и таму се градат Потемкинови села, исто како оваа денешна парада во дворот на ОУ Живко Брајковски…

Тенкју фор андерстендинг…

Борче Трајковски

Фејсбук статус.

Back to top button
Close