ГАЛЕРИЈА: Изложба на Студентите по ликовна уметност во Сули ан

Не се така чести моментите кога Скопје, со својата културна продукција и ненаметлива ноншалатност во нејзината презентација наликува на европските метрополи.

Џез фестивалот, мала клупска сцена, филмските фестивали, дел од програмата на филхармонијата. преводи на некои добри книги…

И некои понезабележителни настани кои остават самата културна содржина која ја нудат да зборува далеку повеќе од „свеченоста“ на отворањето.

Со таков впечаток остава изложбата на дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности кои се претставија со слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела.

На 15 април, во чест на Светскиот ден на уметноста свои дела изложија: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска и Ивана Секулоска.

Back to top button
Close