ГАЛЕРИЈА: На денешен ден почина Глигор Чемерски – еден од најзначајните современи македонски уметници

На денешен ден во 2016 почина академик Глигор Чемерски, еден од најзначајните современи македонски уметници. Тој е сликар, графичар и мозаичар. Остварил повеќе монументални дела во Скопје, Вруток, Кавадарци и во Кочани, каде што Споменикот на слободата има мозаични фризови од 320 квадратни метри. Роден е во Кавадарци во 1940 година.

По завршеното средно образовани во Скопје се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што дипломира во 1963 година. Потоа, на истата Академија завршува постдипломски студии и се стекнува со звање: магистер на сликарство. Како стипендист на француската влада има студиски престој во Париз во 1969/70 година. Оттогаш реализирал повеќе студиски патувања: во Египет, Грција, Италија, Холандија, Германија, Шведска, САД.

Особено значаен дел од творепггвото на Глигор Чемерски претставуваат неговите монументални споменици. Во осовременета техника на фреско-сликарството реализирана е неговата голема ѕидна слика „Топла земја“ во Стопанска банка во Скопје (1971), додека во техника на мозаик се изведени споменичните комплекси во отворен простор: „Човекот и светлината“ во ХЕЦ „Вруток“ кај Гостивар (1975/76), 75 м2; „Раѓање на културата“ во Кавадарци (1976), 9 м2; „На тиквешките танчарки“ во Кавадарци (1977), 24 м2; „Писма и пораки“ во Кавадарци (1981), 12 м2; и „Споменик на слободата“ во Кочани (1981). Овој последен споменик содржи во себе 330 м2 мозаична површина што претставува, несомнено, еден од најголемите потфати од овој вид во европски размери.

 

Св. Ѓоргија и ламјата XV
65×55, 1997
масло на платно
Св. Ѓоргија и ламјата XI
65×55, 1996
масло на платно
Св. Ѓоргија и ламјата VI
100×70, 1993
масло на платно
Оплакување XIX
35×25, 1996
масло на платно
Византиска глава
60×50, 1990
масло на платно
Апокриф – сончев
50×60, 1997
масло на платно
Охриѓанки I
65×55, 1997
масло на платно
Сликар
95×75, 1998
масло на платно

 

Back to top button
Close