ГАЛЕРИЈА: Осум најубави и најодржливи куќи во 2023

Дизајнот на „пасивен дом“ подразбира објект кој ја искористува пасивната сончева енергија за да воспостави удобна внатрешна температура со ниско-енергетски потреби за греење или ладење.

Тоа е критериум која се повторува во потесниот избор на дела на Светскиот архитектонски фестивал. Програмскиот директор Пол Финч изјави за BBC Culture дека видел „голема грижа за одржливоста, рефлектирана и во употребата на еколошки материјали и усвојувањето на пасивни принципи за дизајн на куќи.

Во текот на три дена, фестивалот во рамли на програмата „Inside World Festival of Interiors“ прави глобално истражување за развојот на архитектурата и дизајнот на ентериер. Околу 550 архитекти ги презентираат своите проекти пред комисија составена од архитекти, дизајнери на ентериер и инженери.

Фестивалот се одржува во различни градовите низ светот – последниот се одржа во изложбениот центар во Марина Беј Сендс во Сингапур. Последниот ден, архитекти ги презентираат своите проекти во следниве категории: Светска зграда на годината, Пејзаж на годината, Иден проект на годината и Ентериер на годината.

„Многу куќи и вили кои влегоа во потесниот круг се реализација на имагинативен пристап кон локациите и нивните ограничувања, претворајќи ги предизвиците во можности. Тие често вградуваа потенцијални пејзажни елементи и капитализираа од природната светлина“, вели Финч.

„Дрвото како материјал станува сè попопуларно поради неговите апсорпцијата на јаглерод. Архитектите, исто така, често ги фаворизираат ретро-монтираните елементи проекти наместо оние што вклучуваат рушење и нови градби“.

Покрај тоа, промената на демографијата, пандемијата и климатските промени влијаат на станбената архитектура.

Во продолжение погледнете ги осумте објекти кај се наградени како комбинација најдобар дизајн и енергетска одржливост:

Извор: BBC Culture

Back to top button
Close