ГАЛЕРИЈА: Осум занемарени уметнички кои биле пред своето време  

Придонесите на жените-уметници со векови се занемарени или заборавени во историјата на уметноста. Додека заедничките напори ги подобрија околностите за современите уметничко во однос на нивните претходнички, животот и работата на жените од минатите генерации сè уште често се изоставени од дискурсот, пренесува Artsy.

Новата изложба во Robilant+Voena во Њујорк се обидува да ја поправи оваа нерамноправност. Со повеќе од 30 дела од европски и американски уметници, изложбата „Пред нејзиното време: Жени пионерки од ренесансата до дваесеттиот век“ ги истакнува безбројните предизвици со кои се соочуваат жените уметници низ генерации и како група талентирани уметници ги надминале овие пречки.⁠

Меѓу овие предизвици бил недостатокот на пристап до обука, бидејќи формалните академии ги исклучувале жените (или сериозно го ограничиле бројот на прифатени) и ги спречувале да учат одредени предмети, како што е живата фигура.

„Огромен дел од сликарската обуката се состоела во проучување на голата машка форма. Бидејќи за жените тоа било забрането, го сликале она што им било достапно, што често било мртва природа или портрет“, објасни д-р Вирџинија Брилијант, директорка на Старите мајстори на галеријата и куратор на изложбата. Таквите теми се сметале за пониски по престиж за разлика од почитуваното историско сликарство.

Изложбата фрла интимен поглед на околностите на секоја уметница, а за возврат раскажува богати приказни за истрајност кои ги пополнуваат клучните празнини во историјата на уметноста. Вклучува и портрети на значајни жени од тоа време, како и дел од делата што ги поседувале, давајќи простор да се ѕирне во нивниот изглед, вкус и стил.

Мери Беал

1632-1697, Англија

Една од првите професионални жени уметници во Англија, Мери Беал имала успешна кариера како сликарка на портрети во периодот Стјуарт.

Мери Беал, Портрет на дама, околу 1680 година
Мери Беал, Портрет на дама, околу 1680 година

Таа почнала како аматерска сликарка додека се дружела со група креативци во Лондон. Кога таа и нејзиниот сопруг избегале од Лондон во Хемпшир за да ја избегнат чумата, Беал почнала да работи професионално и станала одлична во сликање портрети.

 

Орсола Мадалена Какиа

1596-1676 Монкалво, Италија

Растена во мал град во Северна Италија, покрај многу сестри, Орсола освен талент имала и развиено чувство за бизнис.

Орсола Мадалена Какиа, „Цветови во гротескна вазна“, околу 1630 година
Орсола Мадалена Какиа, „Цветови во гротескна вазна“, околу 1630 година

Подучувана од нејзиниот татко Гуљиемо Какиа, младата Орсола патувала со него додека ги завршувал своите работи, а така градела мрежа на контакти и проучувала различни стилови. Сликала за многу локални фамилии но и за други што ги сретнала надвор од градот Монкалво и добивала пофалби за сликите со мртва природа.

 

Росалба Карера

1673- 1757 Венеција, Италија

Вклучувајќи светли, бледи пастелни бои, мазни линии и елегантно меки криви линии, Росалбa Карера и добро позната по нејзиниот стил кој се чини дека се вдомил во светлината на Рококото.

„Таа ефективно, со една рака ,го оживува пастелниот жанр во нејзината ера“, вели Брилијант.

Росалба Карера, „Алегорија на четирите годишни времиња“, 1730 година
Росалба Карера, „Алегорија на четирите годишни времиња“, 1730 година
Росалба Карера, „Алегорија на четирите годишни времиња“, 1730 година
Росалба Карера, „Алегорија на четирите годишни времиња“, 1730 година
Росалба Карера, „Алегорија на четирите годишни времиња“, 1730 година
Росалба Карера, „Алегорија на четирите годишни времиња“, 1730 година
Росалба Карера, „Алегорија на четирите годишни времиња“, 1730 година
Росалба Карера, „Алегорија на четирите годишни времиња“, 1730 година

Росалба ја започнала нејзината кариера цртајќи и сликајќи минијатурни портрети. На почетокот на 18-тиот век се зголемила слободата на движење со што се отвориле повеќе можности за патување во странство. Карера ја искористила оваа релативна слобода и почнала да гради меѓународна мрежа. Како што го развивала својот стил, почнала да црта пастелни портрети: иновативно искористување на материјал што за тоа време бил користен за студии или скици.

 

Лавиниа Фонтана

1552-1614 Рим, Италија

Лавиниа се смета за првата жена уметница која имала свое студио и со тоа дефинитивно е пионерка во уметноста. Таа била подучувана од нејзиниот татко, што во тоа време и дало предност бидејќи ресурсите за учење биле недостапни за жените.

Лавиниа ФонтанаПортрет на Џерардо Гиаварини 1598 година
Лавиниа Фонтана Портрет на Џерардо Гиаварини 1598 година

„Не знаеме дали татко и на Фонтана и дозволувал да слика со живи модели, но знаеме дека бил ерудит и дека таа имала пристап до графики, книги, антички скулптури и пишани материјали кои би ја воделе во тоа како да слика човечки фигури“, вели Брилијант.

Со овие ресурси, Лавиниа отворила студио кое изработувало и портрети, но и религиски и митолигиски сцени.

 

Феде Галициа

1570-1630 Милано, Италија

Меѓународно познатата миланска уметница Феде Галициа е уште пример на жена која учела под закрила на татко ѝ, вештиот сликар на минијатури Нунцио Галициа. Од него Феде научила да создава детали и станала позната како сликарка на беспрекорни портрети и педантни мртви природи, често поставени на темна позадина.

Феде Галициа, Јудита со главата на Холоферн, околу 1620 година
Феде Галициа, Јудита со главата на Холоферн, околу 1620 година

„Во нејзините почетоци можеме да го видиме влијанието на татко и, во вниманието што го обрнува на накитот и текстилот“, вели Брилијант.

Со текот на времето како што почнала да патува со нејзиниот татко, примила влијанија и од други артисти, особено Караваџо.

 

Анџелика Кауфман

1741-1807, Швајцарија

Анџелика Кауфман била славена за нејзините вешто изработени, историски слики со повеќе фигури и портрети кои биле посакувани кај високата класа, вклучувајќи ги двете дела од масло на метал на изложбата во Њујорк, „Алегорија на претпазливоста“ и „Алегории на милоста и вистината“ (и двете создадени пред 1780 година).

Анџелика Кауфман, „Алегорија на претпазливоста“, околу 1780 година
Анџелика Кауфман, „Алегорија на претпазливоста“, околу 1780 година
Анџелика Кауфман, „Алегории на милозливоста и вистината“, оклу 1780 година
Анџелика Кауфман, „Алегории на милозливоста и вистината“, оклу 1780 година

Со сликарски тренинг од нејзиниот татко, Кауфман создала име за себе и заедно со Мери Мосер, била една од двете жени основачки на Кралската Академија во Лондон. И покрај тоа не ѝ било дозволено да ја учи машката гола фигура, всушност Кралската Академија тоа не го дозволувала до 1890 година, повеќе од 80 години по нејзината смрт.

 

Кетрин Лусурие

1752- 1781 Париз, Франција

Живеејќи само до 28 години, Лусурие не е толку позната како нејзините колеги уметници, но била вешта и успешна во своите права. Нејзината тетка се омажила во еминетната Друа уметничка фамилија, кои ја учеле Лусирие да слика.

Кетрин Лусурие „Портрет на уметникот Карл Вернет“, 1770 година
Кетрин Лусурие „Портрет на уметникот Карл Вернет“, 1770 година

„Додека уметниците Друа сликале кралски портрети, таа се фокусирала на цртање интелектуалци и други уметници, водејќи сметка да ги претстави нивните карактери, што ја покажува нејзината почит кон своите колеги креативци“, вели Брилијант.

 

Ен Валаер-Костер

1744 – 1818 Париз, Франција

Живеејќи и работејќи во доцниот 18-ти и почетокот на 19- век, Ен Валаер-Костер доживела поголемо прифаќање и отвореност кон жените уметници, отколку нејзините претходнички, смена која ја следела Француската Револуција.

Ен Валаер-Костер, „Букет лалиња“, 1802
Ен Валаер-Костер, „Букет лалиња“, 1802

Валаер-Костер била многу почитувана помеѓу нејзините врсници и била примена на Кралската академија за сликање и скулптура на 26 години.

превод: Марта Стевковска

 

Back to top button
Close