ГАЛЕРИЈА: Што е меланхолично во 21 век?

Дали сликите и цртежите можат да ни помогнат да се справиме со тагата?

Историјата на уметноста верува дека можат. Од дрворезот со намуртен ангел на Албрехт Дирер од 16-тиот век до протестниот мурал нацртан во Лондон пред неколку месеци кој му се припишува на Банкси (на кој стои „Од овој момент очајот завршува и започнуваат тактиките“), постои тајна традиција на слики што ја презентираат меланхолија не само како болест, туку како криптична загатка која може да вознемири и со тоа да не дистанцира од актуелните грижи.

Како судокуто за душата, таквите загатки како што е сликата “Меланхолија“ на Лукас Кранах Постариот од 1532; “Марија Магдалена како Меланхолија“ на Артемисија Џентилески  (1622-25 г.) и пустинскиот пејсаж „Меланхолија и Мистеријата на улицата“ на Де Кирико од 1914-та со самото тоа што ни го ангажираат умот нè спасуваат од очајот што можеби го делиме со нив.

Овие дела произлегуваат од истиот инстинкт што го испровоцирал англискиот научник од 17 век, Роберт Бартон, автор на влијателниот труд „Анатомијата на меланхолијата“ кој инсистирал на тоа дека „нема поголема причина за меланхолија од безделничарењето и нема подобар лек од работата. Но каква работа?“

„Меланхолијата може да се надмине“, заклучува Бартон, „само со мелахолија“.

With multiple symbols to decode, Albrecht Dürer’s 16th-Century woodcut poses a conundrum for viewers (Credit: Getty Images)
With multiple symbols to decode, Albrecht Dürer’s 16th-Century woodcut poses a conundrum for viewers (Credit: Getty Images)

 

За да сфатите како функционира тој парадокс, размислете за познатата медитација „Melencolia I“ (1514) на Дирер која ја покренува таквата традиција. На дрворезот, тажен ангел со глава потпрена на дланката безделничи, додека околу неа има навидум неспоиви симболи како чекан, скали; песочен часовник? И како можеме да ja измериме метафизичкaтa тежина која ја носи она дискретно лице на полиедронот сместен централно на делото? Дали е череп?

Загатка во загатка

И конечно, што правиме од полничкиот херувим  во центарот на гравурата? Со затворени очи на лик без израз, седнат на врвот на камен во центарот на гравурата? Дали зад него во далечината гледаме виножито? И под него, комета? И како точно овие драматични детали се поврзани со темата „Melencolia“, како што стои на транспарентот кој еден лилјак го вее на небото? Во времето на Дирер, се сметаше дека меланхолијата е предизвикана од внатрешна нерамнотежа – вишок на „црна жолч“ и се поврзувала со есента и планетата Сатурн.

Уште од кога Дирер го создал овој вознемирувачки дрворез научниците се обидуваат емблематичните алегории и тропи да ги вметнат во кохерентен наратив. Преку различни толкувања и без единствен заклучок, се прашувате дали необјаснивоста на делото е всушност неговата цел. Наместо да понуди емотивно директна претстава на меланхоличен очај, гравурата нуди еден лукав механизам за справување во форма на интригантна загатка – еден вид когнитивна рубикова коцка, која преку фокусирање на меланхолијата всушност ни го оддалечува умот од неа.

Во горниот десен агол на делото, математичкото чудо „магичен квадрат“ може да биде клучно за да разберете на кој начин делото функционира како „fidget spinner“ за психологијата презаситена од животот. Табела со броеви во кои збирот на секој ред, колона и дијагонала е ист (во овој случај изнесува 34), магичниот квадрат на Дирер е најраниот познат пример за такво аритметичко чудо отпечатено во Европа. Генијалната нумеричка мрежа (која ја вклучува, во долниот ред, и годината кога е направена гравурата) внесува во делото чувство на универзален ред и непогрешлива логика, но само кога некој би можел да заклучи каква е таа логика. Опкружена со симболи на смртност – ѕвончето над него (конвенционална метафора за смртта) и песочниот часовник лево –  ги намамува нашите очи да ги бараме обрасците и скриената хармонија што го поттикнуваат нашето постоење, притоа вадејќи не од чувството на празнотија.

На мистериозната абсорбтивност на гравурата на Дирер не и требало многу за да влезе длабоко во културната свест.

Many elements in Dürer’s engraving reappear in Melancholy (1532), a painting by Lucas Cranach the Elder (Credit: Alamy)
Many elements in Dürer’s engraving reappear in Melancholy (1532), a painting by Lucas Cranach the Elder (Credit: Alamy)

На сликата „Меланхолија“ (1532), современикот на Дирер, Лукас Кранах Постариот, на едно од најсјајните дела на германската ренесанса насликал многу од елементите од гравурата на Кранах: намуртен ангел; слабо куче; алати за обработка на дрво; љубопитно и лукаво дете, кое, на делото на Кранах,се трансформира во тројка. Исто така, од кај Дирер е позајмена големата празна сфера. Меѓутоа, она што навистина го изненадува окото е обрачот што го држи еден од ангелчињата, решени сферата да ја префрлат низ прстенот. Но, дали ќе може да помине? Преокупирани од веројатниот успех или неуспех на задачата на децата, ние, како ангелот на Дирер, ги вртиме нашите ментални компаси, фокусирани на пресметката на односот помеѓу топката и прстенот – животот и мудрост на неговите амбиции. Изгубени во мислите, тешко забележуваме дека нашата меланхолична пасивност полека се алхемизира во нешто повеќе: филозофија.

Следните векови сведочеле постојан прилив на рекреирање на делото на Дирер. Дела од 17-тиот век, вклучувајќи слики од италијанските барокни уметници Доменико Фети и Артемисија Џентилески, откриваат растечка тенденција меланхолијата да биде согледана како привилегирана состојба, поврзана со уметничкиот гениј.

Fetti’s Melancolia incorporates paintbrushes alongside the usual items from Dürer’s woodcut (Credit: Alamy)
Fetti’s Melancolia incorporates paintbrushes alongside the usual items from Dürer’s woodcut (Credit: Alamy)

 

Во „Melancolia“ на Фети (1619), досега познатите симболи како кучето и сферата, преземени од делата на Дирер и Кранах, се придружени со четки за сликање (во долниот дел од сликата) врзани со партал, а покрај низ, анатомски модел за мала скулптура.

Во „Mary Magdalene as Melancholy“, Џентилески храбро го трга скоро секој симболичен предмет на кој сме навикнати од делата на Дирер, Кренах и Фети, принудувајќи нè целосно да се фокусираме на персонификација на меланхолијата, кој тука е автопортрет на самата уметница. Овде, загатката што треба да се реши не е претставена низ куп случајни симболи, туку како палимпсест на комплексна личност која Џентилески ја претставува збиено, преку еден субјект, низ темите на алегоријата, религијата и авторефлексија вткаени во едно.

Gentileschi removed many of the emblems from Dürer, focusing on the human and a posture of despondency (Credit: Alamy)
Gentileschi removed many of the emblems from Dürer, focusing on the human and a posture of despondency (Credit: Alamy)

Со дистанцирање од купот алегории кои врескаат по наше внимание во претходните студии за хроничeн oчај, Џентилески им овозможува на човечкото лице и физика, во сите нивни сигнали и длабочини, да станат загатка која ќе сакаме да ја решиме – и да станат централен фокус на нашата меланхолична очуденост.

Понатамошниот развој низ делата на Франциско Гоја, Винсент ван Гог и Едвард Мунк, укажува на тоа дека овие автори научиле многу од самоуверената економија на композицијата на Џентилески.

Gaspar Melchor de Jovellanos strikes a familiar pose in Goya’s portrait (Credit: Alamy)
Gaspar Melchor de Jovellanos strikes a familiar pose in Goya’s portrait (Credit: Alamy)

Во портретот на Гоја од 1798 година на кој го претставил шпанскиот државник, Гаспар Мелхор де Ховеланос, вознемирувачка тага во неговиот поглед, а не куп заплеткани метафори, е она што ни го задржува погледот. Секоја интелектуална љубопитност што инаку би можеле да ја имаме кон предметите што го опкружуваат покровителот на Гоја – преклопеното писмо, или зловесното сочувство на статуата која ја пушта раката кон главата – е  потиснат од примарната загатка на страдалната душа на субјектот.

Edvard Munch - Melancholy
Edvard Munch – Melancholy

Додека да стигнеме до портретот на Ван Гог од неговиот неспокоен лекар, д-р Пол Гачет, насликан во 1890 година, и архетипската претстава на депресијата на Мунк (Меланхолија 1891), јасна е длабоката промена во уметничкиот став и естетска стратегија, од претерано аналитични алегории (Дирер, Кранах и Фети) до полесни портрети кои повеќе пленат со интензитетот на нивната емоција отколку со генијалноста на нивната интелектуална иконографија.

 

Van Gogh wrote: “I have found a true friend in Dr Gachet… so much do we resemble each other physically and also mentally” – he finished this portrait weeks before shooting himself
Van Gogh wrote: “I have found a true friend in Dr Gachet… so much do we resemble each other physically and also mentally” – he finished this portrait weeks before shooting himself

 

Иако просторот на овие тажни фигури во делата на Ван Гог и Мунк, не се повеќе клаустрофобија и внимателно претставени амблеми и метафори со кои се соочивме векови порано, тие во својата лирска привлечност, не се помалку интригантни.

Again featuring a hoop, De Chirico’s Melancholy and Mystery of the Street abandons the usual weary seated figure for a collection of eerie vanishing points (Credit: Alamy)
Again featuring a hoop, De Chirico’s Melancholy and Mystery of the Street abandons the usual weary seated figure for a collection of eerie vanishing points (Credit: Alamy)

Истото може да се каже и за сонливата ода за напуштеноста на Де Кирико „Меланхолија и Мистерија на улицата“, која парадоксално се обидува да нè оттргне од осаменоста, заробувајќи нè во неа. Тука, девојка која трча со хулахоп како да излегла од криптичната слика на Кранах, се движи кон студената светлина на еден напуштен плоштад, каде кон неа се издолжуваат долгите сенки на непознатата иднина.

Потполно изостанува централната седната фигура, уморна од загриженост, чија поставеност ја дефинираа претставите на меланхолијата на старите мајстори. Без лице или физиономија која би се психо-анализирала и без двосмислени предмети за дешифрирање, оставени сме да размислуваме наместо да се фокусираме на различните перспективни и линии и точки што ја дислоцираат сцената на друго место – во домен физички и психолошки одвоен од времето и просторот, но сепак некако чудно познат.

Од Дирер до Де Кирико, уметниците се обидоа да нè заведат и дефокусираат од тагата со постојано ново визуелно очудување.

Но, што се случува кога изворот на нашата меланхолија се заканува не само да ни го одземе спокојот, туку да ни одземе секого и се? Во април 2019 година, во близина на Мермерната порта во Лондон, која беше окупирана од активисти кои бараа акција за борба против климатските промени, во текот на ноќта се појави мурал, кој ја тематизираше меланхолијата, кревајќи ја традицијата на ново ниво.

Графитот кој му се припишува на Банкси, прикажува дете клекнато покрај мала лопата и мало растение кое го насадило. Таа во рака држи мал транспарент, испишан со геометриско лого на ненасилното движење на животната средина „Extinction Rebellion“: стилизиран песочен часовник опфатен со сфера, одекнува со елементи од гравурата на Дирер. До девојчето напишано е „овде очајот завршува и почнуваат тактиките“, што лесно може да ги опише уметничките стратегии на која било од претходните слики од Крахах и Фети, Џентилески и Ван Гог, Мунк и Де Кирико.

Експлицитноста на пораката ја изневерува нејзината итност. Нема веќе време за анализа на скриените значења и заплетканите конотации на тајните симболи.

Времето на суптилноста е поминато. Меланхолијата е луксуз што нашиот опстанок не може да си го дозволи.

извор: BBC

превод: Лени Фрчкоска

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close