ГАЛЕРИЈА: Што уметноста за епидемиите ни кажува за пандемијата која ја живееме денес

Како уметниците ги прикажувале епидемиите низ вековите – и што тие уметнички дела можат да ни кажат за минатото и актуелната пандемија? Емили Касриел ја истражува уметноста за чумите од Црната смрт до денес.

Додека нивните заедници се справуваат со невидлив непријател, уметниците честопати се обидувале да најдат смисла во деструкцијата која чумите ја предизвикуваат. Перспективите на ужасите кои ги сведочеле се промение радикално со текот на времето, но она што останало постојано е желбата на уметниците да ја доловат суштината на епидемијата. Преку овие уметнички дела, тие ја претставуваат чумата како нешто што сепак не е толку аморфно, непознато или застрашувачко.

Во текот на поголемиот дел од историјата, уметниците ja прикажувале епидемија низ длабоко религиозната рамка во која живееле. Во Европа, уметноста ја прикажувала Црната смрт првично како предупредување за казната што чумата ќе им ја донесе на грешниците и општествата. Вековите што следеле донеле нова улога на уметниците. Нивната задача била да предизвикаат емпатијата кон жртвите од чумите, кои биле поврзувани и со самиот Христос, со цел да се издигнат и да ја поттикнат храброста на оние кои се грижеле за нив. Создавање силни емоции и покажување супериорна сила во надминување на епидемијата биле начини да се заштитат, но и утешат општествата кои страдале. Во модерното време, уметниците создавале автопортрети за да покажат дека можат да издржат и да не потклекнат на епидемиите што се шират околу нив,  притоа предизвикувајќи и мобилизација.

Преку својата креативност, уметниците се ‘рвале со прашања за ранливоста на животот, односот со божественото, како и улогата на оние кои се грижеле за болните. Денес, во време на Ковид-19, овие историски слики ни нудат шанса да размислиме за овие прашања и да поставуваме свои.

 

Чумата како предупредување

Во времето кога малкумина знаеле да читаат, биле создавани драматични слики со привлечна приказна за да ги пленат луѓето и да ги импресионираат со неизмерноста на Божјата моќ да ја казни непослушноста. Умирањето од чума се сметало не само за Божја казна, туку и знак дека жртвата ќе мине вечност на страдање во наредниот свет.

Оваа слика е една од првите ренесансни уметнички претстави на епидемијата на „Црната смрт“, од која Во Европа загинаа околу 25 милиони луѓе.

This early illustrated manuscript depicts the Black Death (Credit: Courtesy of Louise Marshall/ Archivio di Stato, Lucca)
This early illustrated manuscript depicts the Black Death (Credit: Courtesy of Louise Marshall/ Archivio di Stato, Lucca)

На овој илустриран ракопис насликан во Тоскана на крајот на 14 век, ѓаволи бодaт со стrели за да му нанесат ужас на човештвото. Убиството е прикажано во реално време, во мигот пред една стрела да ја погоди главата на една од жртвите. Симболот на стрелите како носители на болести, несреќи и смрт  се поврзува со метафорите на стрелите во Стариот завет и грчката митологија.

Австралискиот историчар на уметност, д-р Луис Маршал, тврди дека, во илустрации како ова, ѓаволите делуваат во договор со Бог за да го осудат човештвото за своите гревови. Луѓето од средновековието кои ја гледале оваа слика биле преплашени од крилестите суштества затоа што верувале дека ѓаволите излегле од подземјето за да им се закануваат со неверојатни моќи.

Ова портретирање ни го покажува колежот на ѓаволот како недискриминирачки, кој ја таргетира целата заедница.

Plague is portrayed as a punishment in this 14th-Century illustration (Credit: Rylands Library/ University of Manchester)
Plague is portrayed as a punishment in this 14th-Century illustration (Credit: Rylands Library/ University of Manchester)

-Сликата делува како предупредување не само за крајот на заедницата, туку за крајот на човештовото во целост – вели д-р Маршал. Со ваквото интерпретирање на чумата, апокалипсата, конечно, се третира како корист на човештвото, за да можеме да научиме од грешките и да ја исполниме божествената волја со тоа што ќе водиме вистински христијански живот.

Наративот за казнување со чума е дел и од приказната за ослободување на еврејскиот народ од Египет, раскажувана од еврејските заедници секоја година на Пасха. Оваа слика на една од 10-те казни за египјаните кои се пренесуваат преку илуминираната Хагада од 14-тиот век. Ракописот го нарачале Евреите од Каталонија за да го користат на годишната прослава на Пасха.

Овде, фараонот и неговите дворјани се поклопени со чиреви заради гревовите на угнетување на израелските робови, за кои Египќаните тврделе дека „се роеле како инсекти“. Професорот по религија и визуелна култура, д-р Марк Мајкл Епштајн, ја истакнува „екстремната казна претставена во детали на оваа слика, на која трите кучиња ги лижат гнојните чиреви на грешниците“.

Уметничките дела создадени за време на чума дури потсетуваат дека живот и за најмоќните е кревок и краток. На многу слики за чумите се потенцира на ненадејноста на смртта. Повторувана е претставата на Танцот со смртта, каде персонификација на смртта ги охрабрува луѓето да оттанцуваат до гробот. Исто така, често како симбол се користел песочниот часовник за да се предупреди верниците дека имаат ограничено време да ги доведат своите животи и души во ред, за да превенираат да дојде до чума и да ги уништи без предупредување.

 

Емпатија предизвикана од чумата

Драматичен развој во уметноста инспирирана од чума е приказот на Ил Морбето (Чума), изрезбана од Маркантонио Раимонди во раниот 16 век, на основа на дело на Рафаел.

This 16th-Century engraving is by Raimondi (Credit: The National Gallery of Art Washington DC)
This 16th-Century engraving is by Raimondi (Credit: The National Gallery of Art Washington DC)

Според американскиот историчар на уметност на тема чума, д-р Шила Баркер „она што е значајно за оваа мала слика е нејзиниот фокус на неколку поединци, кои се разликуваат по нивната возраст и пол“. Овие ликови станаа хуманизирани, принудувајќи нè на сочувство кон нивното страдање. Гледаме дека на болните им е пружена таква нежна грижа што сметаме дека и ние мора да дејствуваме за да ја ублажиме нивната болка. Еве, уметничко дело кое има потенцијал да нè убеди да направиме нешто од кое веројатно стравувaме – да се грижиме за заболените и заразни души.

Оваа промена во уметноста инспирирана од чумите се совпадна со ново разбирање на јавното здравство. Сите членови на општеството заслужуваат да бидат заштитени, не само богатите кои би можеле да избегаат во нивните вили. Лекарите кои избегале од градот заради сопствена безбедност требало да бидат казнети.

Ваквиот фокус на емпатија се доразвил во 17 и 18 век, со доближување на Католичката црква до агендата за јавно здравје. Чумата како тема почнала да се прикажува во црквите и манастирите. Страдалниците од чума сега биле поврзувани со самиот Христос. Д-р Баркер тврди дека целта зад оваа идентификација е „да се убедат свештениците да го надминат стравот од реата на телото кое умира и сеприсутност ана смртта и да се научат да ги сакаат жртвите на чумата“. Оние кои се грижеле за страдалниците потенцијално се жртвувале и затоа биле возвишени така што биле прикажани како светци.

Poussin painted The Plague of Ashdod in 1630-31 (Credit: DEA / G DAGLI ORTI/ De Agostini via Getty Images)
Poussin painted The Plague of Ashdod in 1630-31 (Credit: DEA / G DAGLI ORTI/ De Agostini via Getty Images)

 

Исцелителна моќ

Во 17-от век, многу луѓе верувале дека имагинацијата има моќ да повреди или да исцелии. Францускиот уметник Николас Пусин ја насликал Чумата во Ашдод (1630-1631) среде појава на чума во Италија. Преку реинтерпретацијата на една далечна трагична библиска сцена, која предизвикува чувства на ужас и очај, д-р Баркер верува дека „уметникот сакал да го заштити гледачот од конкретната болест која ја прикажал на сликата“. Наметнувајќи моќни емоции за далечна тага, гледачите ќе доживеат катарзично приочистување, истовремено заштитувајќи се од хаваријата која ги опкружува.

Tsukioka Yoshitoshi’s 1892 artwork shows a warrior resisting smallpox demons (Credit: National Library of Medicine)
Tsukioka Yoshitoshi’s 1892 artwork shows a warrior resisting smallpox demons (Credit: National Library of Medicine)

Епиденија на ситни сипаници пустошела низ Јапонија во текот на многу векови. Уметничко дело создадено во 1892 година го прикажува митскиот самурај Минамото не Татомомо, во битка против двата мали бога на сипаници, ситна и крупна вариола. Воинот, познат по својата издржливост и цврстина, е прикажан како силен и самоуверен, облечен во интензивно црвено  кимоно вооружен со мечеви и стрели. Наспроти тоа, малите и, исплашени богови на сипаниците бегаат кон аголот на сликата.

 

Навигација на болката преку автопортретот
Модерните и современи уметници создадоа автопортрети за да му дадат смисла на сопственото страдање од епидемиите, истовремено размислувајќи за трансцедентните теми на животот и смртта.

Edvard Munch’s Self-portrait with Spanish Flu (1919) expresses the artist’s own pain (Credit: Nasjonalmuseet/ Lathion, Jacques)
Edvard Munch’s Self-portrait with Spanish Flu (1919) expresses the artist’s own pain (Credit: Nasjonalmuseet/ Lathion, Jacques)

Кога шпанскиот грип ја погодил Европа веднаш по Првата светска војна, се разболел и норвешкиот уметник Едвард Мунк. Додека неговото тело сè уште се борело со грипот, тој ја насликал својата траума – блед, исцрпен и осамен, со отворена уста. Отворената уста во шок одекнува и на неговото најпознато дело, Врисокот, и можеби го претставува тешкото дишење на Мунк во тоа време. Постои силно чувство за дезориентација и распаѓање, при што фигурата и мебелот се мешаат заедно во делириум на перцепција. Листовите на кои сликал личат на труп или на заспан човек во немирен сон. За разлика од претходните прикажувања на болести на Мунк, кога ги прикажува најблиските на болното лице се огледува вознемиреност и страв, додека овде уметникот се прикажува како жртва, која мора да ја издржи оваа чума изолирана и сама.

Американската експертка, д-р Елизабет Отка, за BBC Culture вели: „Мунк не само што претставува огледало на природата, туку и презема одредена контрола преку ре-осмислување на истата“. Отка верува дека уметноста служи како механизам за справување како за уметникот, така и за гледачот. „Гледачот може да почувствува длабоко чувство на препознавање и сочувство за страдањето на Мунк, што може на некој начин да помогне во смирување на неговата лична вознемиреност“.

Во 1918 година, австрискиот уметник Егон Шиле го портретирал своето семејство, со својата бремена сопруга. Малото дете прикажано на сликата го претставува нероденото дете на двојката.

Egon Schiele’s The Family, 1918, is full of anguish (Credit: Fine Art Images/ Heritage Images via Getty Images)
Egon Schiele’s The Family, 1918, is full of anguish (Credit: Fine Art Images/ Heritage Images via Getty Images)

Таа есен, Едит и Егон починале од шпанскиот грип. Нивното дете никогаш не се родило. Шиле придава големо значење на автопортретите, изразувајќи ја својата внатрешна болка низ ексцентричните позиции на телото. Провидноста на кожата е сирова, како да ни дава увид во нивната измачена внатрешност, а изразите на лицето се истовремено ранливи, но и резигнирани.

Дејвид Војнаровиц бил американски уметник, страствено критичен кон американската влада и Католичката црква за неуспехот да промовираат информации за безбеден секс. Во длабоко личен, ненасловен автопортрет, тој размислува за сопствената смрт. Околу шест месеци пред да умре од СИДА, Војнаровиц се возел низ Долината на Смртта во Калифорнија и ја замолил сопатничката Мерион Скемама да застане. Излегол од автомобилот и бесно почнал да ја гребе земјата со голи раце, пред да се „погребе“.

In this untitled self-portrait, David Wojnarowicz reflects on his own mortality (Credit: Courtesy of the Estate of David Wojnarowicz and P·P·O·W, New York)
In this untitled self-portrait, David Wojnarowicz reflects on his own mortality (Credit: Courtesy of the Estate of David Wojnarowicz and P·P·O·W, New York)

Како и во авто-портретот на Мунк, д-р Фиона Џонстон, историчарка на современа уметност од Велика Британија, вели дека преку ова дело Војнаровиц се обидел да дејствува. „Тука Дејвид ја презема контролата врз сопствената судбина преку нејзино предвидување, враќајќи си ја контролата врз својата болест преку перформанс на неговиот сопствен погреб“, вели таа.

Денешните дигитални платформи им овозможуваат на уметниците да реагираат на кризата „Ковид-19“ со изразување и споделување во реално време. Ирскиот уметник Мајкл Крег-Мартин создаде плакат со цветови во име на благодарност на здравствените работници. Ние сме охрабрени да ко-креираме уметнички дела со тоа што ќе преземеме, ќе обоиме, а потоа ќе соработуваме со тоа што ќе го прикажеме во нашиот ѕид.

Michael Craig-Martin is among the many artists who have been inspired by the current pandemic (Credit: Michael Craig-Martin)
Michael Craig-Martin is among the many artists who have been inspired by the current pandemic (Credit: Michael Craig-Martin)

Во земји ширум светот, уметниците полека даваат контекст на пандемијата на коронавирусот и изолацијата. Историчарите на современата уметност со нетрпение ги чекаат нивните дела. Ние кои живееме со денешната „чума“ реагираме на новите уметнички дела; тие дури може да ни вратат одредена контрола врз искуството кое му се заканува на човештвото и на нашите глобализирани животи.

 

Извор: BBC culture
превод: Лени Фрчкоска

Back to top button
Close