ГАЛЕРИЈА: Што значат нашите соништа?

Во овие чудни времиња, многумина доживуваат поживописни соништа од вообичаеното. Кет Паунд зборуваше со психотерапевтката Филипа Пери за тоа како уметноста може да ни помогне да ги разбереме соништата – и самите себеси.

The Nightmare (1781) by Henry Fuseli is one of the most famous depictions of a dream – it continues to defy interpretation
The Nightmare (1781) by Henry Fuseli is one of the most famous depictions of a dream – it continues to defy interpretation

Соништата со векови ги фасцинирале филозофите и уметниците. Се толкувале како пораки од боговите, начин на ослободување на креативноста и, со појавата на психоанализата во 19-тиот век, клуч за разбирање на нашето несвесно. Бидејќи многумина од нас доживеja невообичаено живописни соништа во последните неколку недели, се чини дека е пригоден момент да се истражи начинот на кој соништата биле разбирани и прикажувани низ вековите. Притоа, може да најдеме дури и интригантни паралели со нашите сопствени искуства.

Но, зошто сонуваме толку живописно токму сега?

-Ние сме во нова ситуација, па со тоа, процесираме нови емоции“, вели психотерапевката Филипа Пери, која била преплавена со одговори кога неодамна ги замолила своите следбеници на Твитер да и ги испратат своите соништа.

– Создаваме наративи за да најдеме смисла за оние чувства што во сонот се манифестираат „не директно, туку во метафори“, објаснува таа.

Визија од сон (1525) на Албрехт Дарер е првиот познат приказ на сонот на уметникот во западната уметност.

Dream Vision (1525) by Albrecht Dürer is the first known depiction of an artist’s personal dream in Western ar
Dream Vision (1525) by Albrecht Dürer is the first known depiction of an artist’s personal dream in Western ar

 

Акварелот, навидум насликан набрзина по будењето, покажува пороj вода што се спушта од небото за да го проголта.

-Се разбудив и секој екстремитет ми се тресеше и ми требаше долго време да се опоравам – рекол Дирер.

Пери вели дека иако нејзината обука и пракса ја научиле дека не постои такво нешто како речник на соништата, сепак децениите пракса ѝ укажале на тоа дека „одредени предмети обично претставуваат нешто друго“ и дека „ако некој сонува за вода, обично станува збор за чувствата“. За неа, звучи како Дирер „да се давел во чувства“, и иако секако дека не може да биде сигурна какви се тие чувства, „повеќето од нас, без разлика дали тоа го признаваме или не, или не сме свесни за тоа кога сме будни, стравуваме од смрт и заборав“ вели таа.

Можеби не е изненадувачки што многу од соништата што Пери ги добила на Твитер, исто така, вклучувале луѓе кои се бореле со вода, иако жената која сонувала дека сурфа на цунами, секако со своите емоции се справувала подобро од Дирер.

Сепак, приказот на Дирер е исклучок. Иако ренесансата пројавила интерес за античкото  проучување на соништата, тоа морало да се помири со христијанска идеологија, која ги отфрлала паганските толкувања. Повеќето слики од соништата имале библиски симболи.

Сонот на Јаков – како и соништата кои Јосиф ги толкувал за фараонот – биле омилени теми: Рафаел ги насликал на таванот во Ватиканската Palazzo Apostolico во 1518 година.

Renaissance artists favoured biblical stories such as Jacob’s Dream, painted for a ceiling in the Vatican’s Palazzo Apostolico by Raphael in 1518
Renaissance artists favoured biblical stories such as Jacob’s Dream, painted for a ceiling in the Vatican’s Palazzo Apostolico by Raphael in 1518

Живописните метафори на соништата се прикажани во сфери кои лебдат на небото како да потенцираат дека нивното толкување и разбирање е поголемо и недофатно за обичниот смртник.

Сепак, митолошките теми, како што се Заспаниот Аполон и музите во слава на Лоренцо Лото (1549), им овозможиле на уметниците да сугерираат на врската помеѓу сонот и инспирацијата.

Дремежот на Аполон се чини дека му дал на музите  можност да ја фрлат облеката и голи да транцуваат на ливадата, сугерирајќи на незапирливата креативност што ја ослободува сонот.

Кошмарната содржина на сликите на Хиеронимус Бош допира до многу поголем број луѓе. Неговите слики скоро сигурно биле разбрани не само како претставите на рајот и пеколот туку и како предупредувачки кошмари  кои ги „посетувале“ грешниците за да ги предупредат за она што ги чека доколку не се покајат. Ова е експлицитно во „Визијата на Тундал“ (п. 1520-30) насликана од следбеник на Бош, во кое грешниот витез лебди над сопствената кошмарна визија на пеколот.

Grotesque depictions of heaven and hell were painted by Bosch and his followers – one of whom created The Vision of Tundale (c 1520-30)
Grotesque depictions of heaven and hell were painted by Bosch and his followers – one of whom created The Vision of Tundale (c 1520-30)

Соништата како уметничка тематика во голема мера биле маргинализирани во ера тана просветителството, но во доцниот 18-ти создаден е еден од најпознатите прикази – Кошмарот (1781) од Хенри Фусели.

The Nightmare (1781) by Henry Fuseli is one of the most famous depictions of a dream – it continues to defy interpretation
The Nightmare (1781) by Henry Fuseli is one of the most famous depictions of a dream – it continues to defy interpretation

 

Без литературен, библиски или уметничко-историски преседан, тој продолжи да се спротивставува на толкувањата, иако некои сметаат дека е префигурација на психоаналитичките теории на Сигмунд Фројд.

Пери не ја толкува сликата како директна претстава за ноќните ужаси. Наместо тоа, таа во беспомошната поза на жената, нездравиот интерес на коњот за нејзините бедра и позицијата на гремлинот – што може да укаже на тоа дека тој се спрема да дефецира врз неа – гледа „деградација на влажните сни на жената за разлика од тие на мажите “ Или, додава таа, „жени… нашите соништа и нашите сексуални фантазии ретко се политички коректни, без оглед на родот“.

„Нацртајте ги вашите соништа“

Симболистите ги вратија соништата во првите редови на уметничкиот израз. За уметниците како Густав Моро и Одилон Редон, соништата биле метод за дешифрирање на реалноста и тајните на постоењето. „Окото како чуден балон се возвишува кон бесконечноста“ на Редон (1882), на која балон со топол воздух во форма на око крева главата на човеко во облаците, сугерира на често дисхармоничните приказни наа соништата. Не е изненадувачки што влијаел врз надреалистите.

The Eye, like a Strange Balloon, Mounts toward Infinity (1882) by Redon made an impact on the Surrealists
The Eye, like a Strange Balloon, Mounts toward Infinity (1882) by Redon made an impact on the Surrealists

Примарната инспирација на надреализмот потекнува од толкувањето на соништата на Фројд. Според Фројд, соништата се израз на исполнување на желбата искривенa од самоцензура во слики кои за сонувачот кога ќе се разбуди немаат смисла. Отклучувајќи го нивното скриено значење, тој верувал дека психоанализата може да ги излечи пациентите од сè што му претставува притисок.

Меѓутоа, додека Фројд гледал соништата како нешто што треба да се дешифрира за да се излечи, надреалистите ги гледале како средство за ослободување на незапирливиот креативен израз; реакција против буржоаската култура на Европа, која тие по Првата светска војна ја отфрлиле.

The Double Dream of Spring - Giorgio de Chirico
The Double Dream of Spring – Giorgio de Chirico

Во надреалистичката уметност, сонувачот обично не се прикажува. Наместо тоа, гледачот е директно соочен со внатрешната диманила на сонот. Во анксиозните пејзажи на соништата на Џорџо де Кирико, интригантните слики на Макс Ернст, колажи и мултимедијални дела, соништата се во форма на загатки кои ги предизвикуваат сфаќањата на гледачот за реалноста.

Фројд, мора да се каже, бил збунет од нивните идеи, иако малку ја променил својата перспектива откако се запознал со Салвадор Дали, во 1938 година.

Surrealist dream paintings, such as Metamorphosis of Narcissus (1937) by Salvador Dalí, depict the inner workings of a dream (Credit: Alamy)
Surrealist dream paintings, such as Metamorphosis of Narcissus (1937) by Salvador Dalí, depict the inner workings of a dream (Credit: Alamy)

Дали  со себе ја донел својата слика Метаморфозата на Нарцис (1937), во која рефлексијата на Нарцис кој гледа во базен се дуплира со прст и палец кои стегаат испукано јајце од кое се појавува цвет на нарцис. Претходно Фројд ги сметал надреалистите за „апсолутни (да речеме 95%, како алкохол), чудаци“ – но Дали со неговото „непобитното техничко мајсторство“ го натерал да го преиспита таквото мислење.

Самата Пери го истражувала надреалистичкиот пристап кон соништата кога го направила документарецот на BBC Four How to be Surrealist во 2017 година. Како и тие, таа формирала „Биро за надреалистичко истражување“ и ја замолила јавноста да ги раскаже своите соништа, а потоа ги замолувала да ги нацртаат. „Она што е возбудливо е она што го добија од кога ги оживеаа своите соништа“, вели таа.

Со пациенти, Пери генерално користи Гешталт терапија, на германскиот психијатар Фриц Перлс, која вклучува прераскажување на нашите соништа на самите себеси, но од гледна точка на сите предмети во сонот. Идејата е дека сè што е во вншиот сон е дел од нас, така што ќе знаеме што ќе кажат и на тој начин ќе стекнеме подобро разбирање за себеси.

Во сегашната ситуација, Пери смета дека и различни пристапи се корисни. „Нацртајте ги вашите соништа; запишете ги соништата. Сите овие техники ви помагаат да ги процесирате емоциите и чувствата во сонот. Така преземате контрола “, вели таа.

И, којзнае, во процесот можеби ќе ја ослободиме сопствената, досега незапознаена, креативност.

извор: Бибиси
превод: Лени Фрчкоска

Back to top button
Close