(ГАЛЕРИЈА) Среќна вест: Лоцирана е нова рисица

Тимот на МЕД минатата ноќ лоцираше нова рисица, и тоа во кафез-замката која беше направена минатата недела, а поставена пред само три дена. Рисицата Луна пред само неколку часови беше лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Тешка е 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода 🐅🤗

Back to top button
Close