ГАЛЕРИЈА: Украла златен накит од куќа во гостиварско село во вредност од 9.000 евра – полицијата ја уапсила
Лишена од слобода жена од гостиварско поради кражба на златен накит. Украденото злато било вратено на сопственичката.

Како што информираат од МВР, вчера (22.12.2025) во 10:00 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишиле од слобода М.С.(45) од село Калиште, гостиварско.
Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во село Градец, сопственост на Х.А.(49) од селото, при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра.
Одземеното било проанјдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќеследува соодветна пријава, додаваат од МВР






