ГАЛЕРИЈА: Уметничките дела на ликовниот уметник Мајкл Клос во рацете на хероите од битката против Ковид 19

Светски познатиот уметник со македонски корени Мајкл Клос, кој живее во Торонто, Канада, а често изложува и во Македонија, подари дваесетина слики на здравствени работници и институции во земјата.

Ликовните дела, беа предадени денеска на мала свеченост на Општата болница во Охрид на директорот Др. Горан Балевски и на Министерот за здравство Др. Венко Филипче, како и на медицинските сестри од Инфективниот оддел на болницата, во знак на благодарност за нивните напори во борбата со Ковид 19.

Во име на Општата болница и целиот персонал сакам да му се заблагодарам на уметникот Клос за делата и за тоа што се потсети на нас во време на криза од вирусот ковид -19. Делата ќе завршат кај персоналот од Инфективното одделение, кое од самиот почеток е најактивно ангажирано во целата пандемија. – изјави директорот Др. Балевски.

Манифестацијата на која Злата Змејкоска Гашпаревиќ, медицинска сестра во пензија и ги предаде уметничките дела на Општата болница во Охрид беше организирана од Здружението „Мацково” Охрид – Црвена Вода.

Медиумски покровители сe OhridNews и „Мега Продукција“, кои реализираа директен пренос од настанот, кои настанот го пренесуваа во живо..

Идејата на Клос и на мојата сестра беше на некој начин да се оддолжат за жртвувањето на медицинскиот персонал во ова време. Тие сакаа уметнички дела да ве потсетуваат не нешто убаво и да ви дадат мотив за предизвиците кои допрва доаѓаат. – рече Змејкоска Гашпаревиќ.

Зад името на Клос стојат речиси 300 самостојни и групни изложби, во педесетина земји во светот, десетици ликовни колонии и слично.

Делата , често пати, ги донира за да им помогне на добротворните организации.

Мајкл Клос и неговата животна и уметничка друшка Менка Змејкоска Клос, слична манифестација организираа и во Ватикан, за време на беатификацијата на Мајка Тереза. (Крај)

Веле Митаноски

Back to top button
Close