(ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) Илјадници граѓани на протестот во Скопје – се бара правда за Фросина

Протестот во Скопје во кој се бараше правда за Фросина, со мотото „Кој е следен?“ започна во 17.00 часот. На почеток, тивко и со многу тага, граѓаните се собраа пред Универзална сала каде запалија свеќи за Фросина.

Потоа, започна маршот по најавената рута. Во бројка од илјадници луѓе, граѓаните маршираа преку Партизански одреди до Собрание, а потоа до ОЈО и Кривичен суд. На протестот присуствуваа граѓани од сите возрасти, а за време на маршот се кажуваа пароли како „Секој може да е следен“, „Убијци“, „Бараме правда“ и „Правда за Фросина“.

Граѓаните кои маршираа ги повикуваа и останатите да излезат на улица викајќи „Симнете се доле“.

 

Со вклучени светла од телефоните, граѓаните одржаа триминутен молк во чест на Фросина.

 

 

Во најавата за маршот, организаторите изјавија дека сакаат да адресираат три главни проблеми:

  1. Нефункционалноста на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот
  2. Недоволна безбедност во градовите
  3. Глорификација на девијатното однесување

Сега за сега, не се најавени нови протести. „Кој е следен“ објавија на Инстаграм профил видео од протестот, посочувајќи дека секој од нас може да настрада како Фросина и дека „протестот завршува тука, но борбата за системски промени ќе продолжи“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @koj_e_sleden

Back to top button
Close