Галијата во Вардар ќе продолжи да се урива. Арсовска вели дека тоа е завршена работ

Галијата во коритото на реката Вардар ќе продолжи да се урива. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека галијата е завршена работа, има потпишано извршно решение од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

„Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо –  вели Арсовска за СДК.

Пред неколку дена сопственикот на бродот објави видео како ги брка со навреди и псовки работниците кои работат на уривањето.

 

 

Back to top button
Close