Галовеј:С. Македонија ги исполни барањата во врска со стабилноста, со реформите, со договорот со Грција. Проблем останува корупцијата

Сите јасно се согласуваме дека членстото во Европската Унија (ЕУ) е примарна цел и за Северна Макеоднија и за целиот регион. И покрај пречките што се појавуваат на тој пат, не треба да се откажувате, порача британската амбасадорка, Рејчел Галовеј во обраќањето на панел на првиот Скопски економски форум.

– Во изминатите три години, Северна Македонија многу напредна и тоа треба да продолжи. Земјата ги исполни барањата во врска со стабилноста, со реформите, со договорот со Грција, а членството во НАТО е огромен придонес за мирот и стабилноста во регионот, рече Галовеј.

Според неа, најголем проблем е корупцијата, тоа и попречува на демократија и претставува пречка за развој на економијата.

– И регионалната соработка е клучна. Соработката со Грција напредува и има уште голем потенцијал. Потребна е регионална соработка. Луѓето се најзагрижени поради невработеноста. Реформите треба да одат паралено со интеграцијата во ЕУ – владеење на правото и развој на економијата. Но, не сите во земјата и во светот сакаат тие реформи да успеат, зашто се водат од своите интереси и ги злоупотебуваат билатереланите несогласувања. Шоковите како пандемијата се предизвик. Северна Македонија има амбициозни цели и ако трпеливо и посветено ги решите предизвиците земјата ќе може да биде пример за регионот, рече Галовеј.

Back to top button
Close