Галовеј: Штом ќе се формира влада во Бугарија се надевам дека ќе има брзо придвижување на евроатлантскиот процес

Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Рејчел Галовеј која денеска присуствуваше на дебата во Тетово изрази надеж дека со составување на Владата во Бугарија интензивно ќе продолжи евроатлантскиот процес за Северна Македонија.

–Мислам дека земјата е во право што продолжи да цели кон евроатлантските интеграции. Постојано политичките партии и населението говореа дека тоа е насоката во која сакаат земјата да оди. Очигледно, тоа беше одложувано во последните години од различни причини. И сега бугарскиот политички процес сè уште не е завршен, но штом ќе се формира влада, се надевам дека ќе има брзо придвижување, изјави Рејчел Галовеј.

Таа во Тетово присуствуваше на тркалезна маса на тема: “Охрабрување на жените во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа во Полошкиот регион”.

Back to top button
Close