Галуп/Анкета: Седумдесет отсто Бугари не сакаат отстапки во спорот со Скопје

 Значителен процент Бугари не се согласуваат Софија да прави отстапки во спорот со Северна Македонија. Тоа се резултати од телефонска анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење Галуп.

Според Галуп, 70 отсто од испитаниците се против тоа Бугарија да го укине ветото за пристапување на Северна Македонија во Европската унија.

Речиси 20 проценти се со спротивно мислење. Останатите се уште се двоумат, јавија бугарските медиуми.

Анкетата е спроведена помеѓу 14 и 16 јуни меѓу 890 полнолетни Бугари.

Back to top button
Close