Галуп: Работата на претседателот Трамп ја одобруваат 38 отсто од Американците

 Работата на претседателот Доналд Трамп ја одобруваат 38 отсто од Американците и таа ниска позиција останува по наглиот пад во мај и јуни, се дознава од најновата анкета на Галуп.

Рејтингот на Трамп во мај се наоѓаше на највисоко забележана позиција од 49 отсто, по што започна да се намалува како резултат на американските протести против расната нетрпеливост по смртта на Џорџ Флојд.

Неговиот рејтинг на одобрување сега е само три проценти подобар од најниско забележаната вредност од 35 отсто во 2017 година.

Според анкетата, акуелниот рејтинг на американскиот претседател, заснован на анкета спроведена меѓу 8 и 30 јуни останал практично ист споредбено со претходната анкета спроведена од 28 мај до 4 јуни. Забележано е подобрување на популарноста кај републиканците, од 85 до 91 отсто, намалување кај независните (од 39 на 33 отсто) како и меќу демократите (од 5 проценти на 2 проценти).

Од Галуп велат дека бројките укажуваат сегашната разлика од 89 отсто меѓу републиканците и демократите е најголем партиски jaз во одобрувањето на еден претседател досега регистриран од анкетната агенција.

Од анкетата се дознава и дека рејтингот на Трамп го губи мнозинството и кај белата американска популација од машки пол, жените, младите на возраст од 18 до 29 години, академските граѓани и останати демографски групи.

Падот на одобрувањето на работата го става Трамп во иста кошница како и екс-претседателите Џорџ Буш и Џими Картер, кои исто така во јуни, во предизборието за нивни втор мандат, рејтингот им се намалил под 40 отсто. 

Back to top button
Close