Галуп: Речиси 70 отсто од Бугарите се за задржување на цврстата позиција во однос на евроинтеграциите на С Македонија

Речиси 70 отсто од бугарските граѓани се за тоа Бугарија треба да ја задржи својата цврста позиција кон РС Македонија во однос на евроинтеграциите.

Ова го покажуваат податоците од истражувањето на Галуп, пренесе БГНЕС.

Во истражувањето, 68,9 отсто од испитаниците ја поддржуваат тезата дека Бугарија треба да ја задржи својата цврста позиција за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Малку повеќе од една петтина се со спротивно мислење – Бугарија треба да ја смени својата позиција во помека, велат од Галуп, додавајќи дека речиси слични податоци имаше и минатото лето.

 

„Ова покажува дека нема значителна промена во ставовите за оваа тема, а погледот наназад низ годините покажува дури и знаци на ‘зацврстување’ на јавното мислење кај нас“,

 

велат од агенцијата.

 

Галуп истакнува и дека во последните две години се повеќе Бугари го поставуваат спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство, потпишан од премиерите на двете земји на 1 август 2017 година, како важен услов за интеграција на РСМ во ЕУ.

 

Во анкетата што во јануари годинава ја објави „Галуп интернешнл Балкан“, 60,8 отсто сметаат дека Македонија треба да ги почне преговорите за членството во ЕУ, но под услов да се спроведе Договорот за добрососедство.

Речиси 61 отсто од бугарските граѓани сметаат дека Република Северна Македонија (РСМ) треба да стане членка на Европската Унија (ЕУ), покажаа резултатите од анкетата што исто така во јануари годинава ја објави Бугарската национална телевизија (БНТ).

Истражувањето е спроведено од независната истражувачка програма на „Галуп интернешнл Балкан“, преку телефонска анкета со која се опфатени 800 луѓе, спроведена во февруари 2022 година.

Back to top button
Close