Ганиу негира поврзаност со нападот врз Арсовска: Ниеден вработен во Чаир не е инволвиран
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, го осуди нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска. Тој негира поврзаност со овој случај.
„Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир. Ваквите дејствија се неприфатливи и претставуваат сериозно нарушување на нормите на однесување во едно демократско и цивилизирано општество.
Сметајќи дека е важно јавноста да биде точно информирана, ја појаснуваме фактичката состојба-настанот воопшто не е поврзан со нашата институција. Ниту еден вработен или функционер на Општина Чаир не бил инволвиран, ниту пак присутен на местото на настанот“, напиша Ганиу на Фејсбук.
Тој посочи дека Општината останува посветена на зачувувањето на јавниот ред, почитувањето на институциите и унапредувањето на соживотот меѓу заедниците.
Осуда за настанот стигна и од опозициските СДСМ и ДУИ, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека имало контакт.