Ганиу сака втор мандат во Чаир, но за тоа ќе одлучува Ахмети

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денеска изјави дека има волја да се кандидира за втор мандат, но рече, за тоа ќе одлучуваат органите и лидерот на ДУИ.

И на почетокот пред да бидам избран, имам кажано дека моја цел е да бидам градоначалник два мандата ако ме послужи здравјето и ако народот ме избере. Волја имам да се кандидирам за втор мандат, но тоа не значи дека јас одлучувам. За тоа ќе одлучат органите и лидерот на партијата врз база на анализи и на сите информации што ќе ги апсорбираат – рече тој на денешната промоција на 19 смарт табли во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир.

На новинарско прашање за појава на групи во партијата, Ганиу рече дека не се добри моменти, но посочи дека секој револт што се појавува им овозможува како партија да се консолидираат и да се коригираат грешките.

– Групи има не само кај нас, туку и во секоја партија. Изгледаат дека не се добри, но некогаш може да излезат на позитивен резултат, бидејќи секој револт што се појавува секако дека како партија ни овозможува да се консолидираме и да ги видиме грешките и да ги коригираме таму каде што ги имаме – рече градоначалникот Ганиу.

Back to top button
Close