Ганиу: Шеснаесет од жртвите се со адреса во Чаир

Градоначалникот информира дека за утре е закажана седница во Општината, на која ќе се дискутира за правните начини за помош на семејствата на настраданите

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, изјави дека, официјално, од оваа општина се 16 од жртвите во сообраќајната трагедија во Бугарија. Но, како што вели, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини.

„Бев во контакт со роднините кои се погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам дека Општина Чаир е отворена во секое време и за секаква помош“,рече Ганиу за ТВ21.

Тој потенцира дека за утре во 10 часот е закажана седница во Општината во врска со трагичната несреќа во Бугарија, на која ќе се дискутира за правните начини за помош на семејствата на настраданите.

„Ги идентификувавме преку документи. Според адреса во пасошот, 16 се од Чаир. Но бројката е поголема, затоа што имаме сограѓани кои живеат во Чаир, а имаат адреси во Гази Баба, Студеничани и други општини“, рече Ганиу.

Back to top button
Close