Ганиу: Веќе немам комуникација со Таравари
Градоначалникот на општина Чаир и дел од коалицијата ВЛЕН, Висар Ганиу информира дека веќе нема никаква официјална комуникација со Арбен Таравари и неговата крило во Алијансата за Албанците, оценувајќи го „нивното враќање“ во ДУИ како „неразумна и разочарувачка постапка“.
„Немаме официјална комуникација со господинот Таравари. Повремено се јавуваат затоа што и таму имаме наша група и од информациите што ги имаме во структурите, од луѓе кои созреале и ја основале Алијансата за Албанците или создале идеологија против ДУИ како противник, тие се многу разочарани“, рекол синоќа Ганиу, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во земјава.
Тој додал дека е невозможно рационално да се разбере што се случува со Таравари и неговите приврзаници. Ганиу оценил дека ваквата постапка не е во согласност со принципите што претходно ги следеле Алијансата за Албанците и е сигнал за силен пресврт. Ганиу смета дека Таравари ја разочарал дури и сопствената партиска база.
Изет Меџити, Биљал Касами и Ибрахими му се налутија на Таравари. Одлуката на лидерот на Алијанса за Албанците да настапи со свои советнички листи на изборите ги седна на маса партнерите од ВЛЕН за да се договорат што понатаму. Иако Алијанса била фаворизирана, како што велат од ВЛЕН, не се задоволила со 35 до 40 насто од понудениот изборен колач. Тоа за тројката од владејачкиот албански кампус е показател дека Таравари соработува со ДУИ и му фрла гума за спасување со Али Ахмети.
Триото на ВЛЕН не го исклучило Таравари од коалицијата, туку тој сам се исклучил – е ставот по состанокот. И додека Демократското движење, Алтернатива и Беса го повикуваат членството на Алијанса да ги поддржи на изборите, Таравари им порачува дека е отворен за соработка и добредојден е секој што сака да ги поддржи.
Иако Таравари најави дека продолжува да дејствува како дел од владејачката коалиција, неговите партнери од ВЛЕН засега не откриваат дали ќе бараат премиерот Христијан Мицкоски да го разреши од министерската позиција. За ова прашање ќе разговараат дополнително.
0