Гарабаја: Треба да го дадеме најдоброто од себе
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер утре гостува во Париз, а ривал им е тимот на ПСЖ. По стартната победа над Загреб во Битола со 25:23, битолчани во второто коло имаат тешко гостување кај фаворитот во групата.
Мораме да се фокусираме на самите себеси, за да напредуваме секојдневно. Треба да се фокусираме на добрите страни на ПСЖ и да го дадеме најдоброто од себе. Да се обидеме да бидеме ефективни и ништо да не му биде лесно на ривалот. ПСЖ има супер-тим, со супер-ракометари и одличен тренер. Добро е што играме со нив на почетокот на сезоната, бидејќи секојдневно ќе напредуваат. Во Париз нема да ги имаме нашите навивачи, нашиот осми играч, но сигурно ќе ја почувствуваме нивната поддршка, изјави Рубен Гарабаја тренер на Еурофарм Пелистер.
Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот, а го судат Јонас Елиасон и Антон Паласон од Исланд.