Гардијан: Џеј Ди Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик
Поранешниот командант на украинските вооружени сили, а сега амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, одбил телефонски повик од американскиот потпретседател Џеј Ди Вансс, објави „Гардијан“, повикувајќи се на дипломатски извори.
Повикот следел само неколку дена по остриот судир меѓу претседателите на Украина и САД Володимир Зеленски и Доналд Трамп во Белата куќа на 28 февруари. Тимот на Венс наводно сакал да испита кој би можел да го замени Зеленски на чело на државата.
Залужни одбил да разговара со Венс откако се консултирал со претседателскиот кабинет во Киев. Според извор близок до него, одбивањето било „принципиелен став“ и јасен сигнал за украинско единство.
Иако Залужни ужива голема популарност во јавноста и во армијата, тој постојано нагласува дека додека трае војната не размислува за избори. Анкети сепак покажуваат дека би бил главен ривал на Зеленски доколку се кандидира за претседател.