Гаши: Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ

Во името на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатам најискрени честитки по повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски. – пишува во честитката на Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод празнувањето на Св. Климент Охридски

Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот.

Овој ден не потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот темел врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава. Во тие вредности препознаваме заедничка цел силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани.

Нека празникот биде поттик за уште поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување.

Честит 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски!

Back to top button
Close