Гаши: Денот на албанската азбука е најважен момент, јазикот е незаменлив елемент на општествената кохезија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи дека овој датум е еден од најважните моменти во историјата на албанскиот народ.

Гаши нагласи дека со унифицираната азбука биле поставени основите кои му дале на албанскиот јазик „сила на единство и идентитет“.

Претседателот на Собранието ја истакна улогата на албанскиот јазик во државата:

„Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, каде Албанците се државотворен народ и каде јазикот претставува уставно загарантирана вредност, албанскиот јазик го сметам за незаменлив елемент на нашата општествена кохезија.“

Тој порача дека неговата заложба останува јасна: албанскиот јазик треба да се третира со достоинство, еднаквост и почит на секое институционално ниво.

„За мене лично, овој ден претставува гордост, а азбуката е наследство што ги отелотворува нашите корени и аспирации. На сите Албанци каде и да се наоѓаат, честит 22 Ноември!“, заклучи Гаши во честитката.

Извор: press24.mk

Back to top button
Close