Гаши ги распиша локалните избори за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Гаши повторно распиша избори во овие четири општини поради недоволен цензус на првиот круг.
Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.
Во Гостивар одзивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.
Согласно Член 132 став (2) од Изборниот законик, доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина






