Гаши: Гласот е најважниот инструмент преку кој граѓаните го определуваат правецот на развојот
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го оствари своето граѓанско право, гласајќи на вториот круг на локалните избори 2025 година

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го оствари своето граѓанско право / Фото: Фејсбук
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук посочи дека гласот е најважниот инструмент преку кој граѓаните го определеуваат правецот на развојот и нивното претставување.
„Ги охрабрувам сите граѓани да ја искористат оваа можност за да ја изразат својата волја во корист на нашите општини и градови“напиша Гаши.
					





