Гаши, Милошоски, Митрески, Перински, Андоновски, Јанушев на молитвен појадок утре во Вашингтон

Претседателот на Собранието Африм Гаши, неговите заменици Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Јован Митрески од СДСМ, министрите Златко Перински и Стефан Андоновски, како и генералниот секретар на Владата се дел од имињата од Македонија што ќе присуствуваат на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон што секоја година се одржува на почетокот од февруари. На настанот што треба да се одржи хотелот Хилтон во Вашингтон на кој се поканети и екс шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, како и неколку други поранешни функционери и дипломати од нашата земја, се очекува да присуствуа и американскиот претседател Доналд Трамп.

Молитвениот појадок кој што со децении еден од најзначајните политички настани во САД претставува можност на едно место да се појават неколку илјади влијателни личности од сите краишта на светот, пред се од политиката, но и од релгиозниот и јавниот живот. И, претставува значајна можност за лобирање на помалите земји кај некои од важните чинители од американската политичка сцена.

Спикерот Гаши ја искористи поканата за појадокот да престојува во неколкудневна работна посета на САД. На која остварил низа средби со високи претставници на американските институции и на меѓународни организации во рамките на зајакнувањето на билатералните односи и меѓупарламентарната соработка.

Гаши, како што информираат од Собранието, доцна попладнево по македонско време, заедно со останатите членови од делегацијата се сретнал и со заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Даниел Лотон, на која било уште еднаш потврдено стратешкото партнерство меѓу САДи Македонија, изградено врз заеднилки демократски вредности, бробата против корупцијата и заложбите за мир и меѓународна стабилност.

Гаши, стварил средба и со членката на Конгресот на САД, Клаудија Тени, копретседателка на парламентарната група за Северна Македонија во Конгресот. Тие разговарале за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД засновано на заеднички демократски вредности, како и за значењето на улогата на американскиот Конгрес во развојот и стабилноста на регионот. Гаши ја истакнал посветеноста на Северна Македонија како членка на НАТО, при што ја нагласил и важноста на американското лидерство во зачувувањето на евро-атлантската безбедност, особено на Западен Балкан.

За време на посетата првиот парламентарец остварил средби и со директори на меѓународни организации, кои со години ги поддржуваат демократските процеси и институционалниот развој на Собранието, односно со претставници на ИРИ и НДИ. На средбата со Даниел Твајнинг, претседател на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), и Стивен Никс, директор за Европа и Евроазија, се разговарало за досегашната соработка и за стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.

На средбата со Тамара Витес, претседателка на Националниот демократски институт (НДИ), и Скот Бејтс, регионален директор за Европа и Азија, се разговарало за вредноста на долгорочната соработка меѓу Собранието и НДИ. Гаши изразил благодарност за проектите насочени кон зајакнување на независноста и парламентарниот капацитет, дигитализацијата, транспарентноста и приближувањето на Собранието до граѓаните, вклучително и програмата за парламентарна поддршка, која со години дава видливи резултати.

Своја работна агенда имаат и министрите кои се присутни во Вашингтон. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Рас Хидли , прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.

На средбата, како што е објавено на официјалната фејсбук страница на мкинистерот Андоновски,  била потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусирале на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста, потоа на доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура како и на отпорност и доверба.

Back to top button
Close